Музика на кирилица

По “Раке пуке, Раке шлаке” се појави “Шмизла” (Видео)

Градот под Марковите кули освен што е препознатлив и познат по “Пивофест”, убавите момци и девојки… тој е исто така познат и по многу музички таленти. Пред неполна година одеднаш се појави и стана екстра позната и ја отпеа легендарната “Раке Пуке, Раке Шлаке” и едноставно сите преку ноќ дознавме која е Сања Ристеска. Денес Музика24 Ви преставува ново лице на македонската музичка сцена која со својата песна “Шмизла” веруваме дека ќе ја запознаете и дека ќе биде споделувана (шерувана) како и другите препознатливи хитови досега, зар не?!

Овој пат повторно прилепчанка, а станува збор за Елена Јовческа, девојка која можеби е дел на македонската музичка сцена од неодамна, но веруваме дека за повеќето од Вас, а мора да признаеме и за нас, е ново музичко лице, затоа и така ја претставуваме да не бидеме погрешно сфатени. Таа во песната “Шмизла” пее за себеси дека е шмизла прва класа, а тој фраер под маса… сеедно. Само не знаеме и сеуште се прашуваме дали песнава само нам ни наликува на онаа од српската пејачка Јана “Луне, луне” или можеби станува збор за нешто друго. Како и да е, во продолжение погледнете го видео спотот на нашата македонска шмизла и направете ја веќе споменатата споредба.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: