Музика на кирилица

По седуммесечна пауза Мартин Мила се враќа на музичката сцена

Да, токму така, по седуммесечна пауза и апстиненција од музиката и музичката сцена, познатиот музичар Мартин Мила се враќа на музичката сцена. Веројатно се прашувате која беше причината поради која што тој се повлече?! Накратко, поради сообраќајна насреќа при која што му беше скршена десна клучна коска и не беше во можност да продолжи со своите музички активности, за жал, но за голема среќа сето тоа е минато и Мартин Мила се враќа на музичката сцена.

Тој пред само неколку дена во Варна, Бугарија настапи на фестивалот “Дискавери” со динамично-енергичната песна “Рам, Там, Там” со која што го освои трето место. Освен со оваа песна, Мартин настапи и со “Wonderful life” песна од светски познатата група “Hurts”. Силна и голема била конкуренцијата вели, Мартин Мила, се натпреварувале голем број на држави меѓу кои ќе ги споменеме Русија, Турција, Италија, Куба, Колумбија… како и домаќинот на фестивалот Бугарија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: