По објавување на вчерашниот текст ЕКСКЛУЗИВНО: СКАНДАЛ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВАТА ПЕСНА “КАЛДРМА” НА СТЕФАН МИТКОСКИ на нашиот музички портал Музика24 поврзан со промоцијата и скандалот на истата и реакцијата на композиторот, музичар и продуцент Горан Милошески, утрово во нашата редакција се јави младиот пејач Стефан Миткоски кој ни испрати негов демант на целата ситуација и воедно големо извинување до неговиот композитор, пријател, продуцент и како што тој вели Бате Гоки.
Ние во целост ви го пренесуваме неговото писмо, во кое Стефан јавно му се извинува на Горан Милошески и воедно ја објаснува целата ситуација. Истовремено, водителот на промоцијата Ване Маркоски кој е споменат во вчерашниот текст, реагираше и поради неинформираност се оградува од целокупниот настан и случување.
“Би сакал да го решиме веднаш недоразбирањето кое го имав со човекот кој мене многу ми значи во животот. Првенствено прекрасна “Калдрма” со текст на Огнен Неделковски, автор на оваа песна е познатиот и ценет композитор Горан Милошески!!! На промоцијата беа присутни нашите најблиски пријатели, колеги, соработници и ценети луѓе кои секогаш ја добиваме поддршката и почит. Мене за прв пат ми се случи ваква голема промоција, а за да биде како што треба има голем ангажман околу организацијата. На синоќешната промоција јас бев премногу возбуден, радосен и со доза на напнатост во смисла како се ќе помине. Имаше доста новинари, интервјуа на секое мое дадено интервју во врска со “Калдрма” секогаш моите изјави започнувале со луѓето кои се најзаслужни за песната. Допрва ќе ги читаме моите лични интервјуа и гледаме по медиумите и слушаме по радијата кој е концептот и се она што сум кажал јас за овие прекрасни личности.
Настана големо недоразбирање со мојот ценет композитор Горан Милошески, и затоа јавно сакам да се извинам и да ја прифатам мојата грешка која ја направив на настанот после ноговото појавување на бината и неговиот коментар кој сепак на сите присутни им беше јасно дека Горан Милошески човекот кој стои зад новиот хит “Калдрма”. Јас поради напнатоста и возбудата ненамерно од моја страна лично не кажав таа вечер кој стои зад песната!!! Знам дека од моја страна е грешката, но во иднина секогаш ќе гледам многу подетално и многу подробно на работите за да не се случуваат вакви недоразбирања и скандали и пропусти. Искрено, јас во секој поглед сум и ќе бидам секогаш благодарен на Горан Милошески за се што има направено во овој мој почеток на кариера и ветувам дека ќе ја поправам грешката која ја нанесов према него. Нема никаква причина јас да искажувам неблагодарност кон никого, а посебно не кон луѓе кои направиле многу за мене. Да точно е, живееме во такво општество каде се соочуваме со секакви карактери, но јас се оградувам од секоја лоша помисла. На грешките учиме, а кога веќе ќе си признаеме пред се на себе си, и на оној кој сме нанеле нешто сметам дека е вредно за втора шанса, поправена грешка и идна соработка!
Искрено ви сум благодарен што постоите како медиум и ми е драго за соработката, се надевам идното мое обраќање ќе биде за убава работа. Ви благодарам Музика 24 за објавеното јавно мое извинување што дозволивте! А композиторот Горан Милошески за мене секогаш ќе биде хит-мејкерот кој знае и детално го разработува секој сегмент од песната!!!
Со никого на естрадата и соработниците не сум се замерил, а нема ни со Горан. Кога сум во право јавно кажувам, а исто така кога од моја страна постои грешка или недоразбирање пак ќе го кажам јавно и одговорно стојам зад тоа. Бидеќи, мојата почит према него е преголема и е битна личност во мојот живот, јас искрено и јавно се обраќам и се извинувам за недоразбирањето и погрешно што ме сфати, а притоа нема никаква голема причина јас да бидам неблагодарен.”, напиша младиот пејач во писмото упатено до редакцијата на музичкиот портал Музика24.
Ние како единствен специјалиран музички медиум во Република Македонија секогаш сакаме да се слушнат и видат и двете страни во било која ситуација или случување, а доколку е потребно ќе направиме и дополнителни напори за соочување помеѓу засегнатите страни, во овој случај младиот пејач Стефан Миткоски и композиторот, музичар и продуцент Горан Милошески. Искрено се надеваме и веруваме дека сето ова ќе заврши со помирување и со заедничка фотографија која секако нашиот музички портал прв ќе ја објави, а во меѓувреме се она што е поврзано со веќе настанатата ситуација дополнително ќе ве известуваме.
Подготви: Марија Поповска