Музика на кирилица

Почеток на нов музички проект на Далибор Даки Ѓошиќ “Ајде сонце зајде” (Видео)

Фолк пејачот Далибор Даки Ѓошиќ, вчера пред своите колеги, новинари, пријатели, соработници официјално го промовираше новиот проект “Ајде сонце зајде” каде ќе се обработуваат македонски изворни песни. На вчерашната промоција во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, беше промовиран спотот за песната “Ајде сонце зајде”, а во живо беше отсвирена и втората песна од проектот “Стамена” за која на самото место се снимаше и спот. Аплаузите и коментарите на гостите, беа доволни показатели за квалитетот на проектот и неговата успешна иднина.

“На проектот работат докажани и признаени музички имиња од Македонија, како Сашо Ливрински, еден од најпознатите македонски композитори кој се јавува како обработувач на песните, кои ќе се најдат на овој албум. Во тимот на “Даки и пријателите” е и Бајса Арифовска, девојката која активно свири преку 15 инструменти. Вчерашниот ден беше празник за македонската изворна песна и за мене. Голема е одговорноста да се работи на еден проект кој има за цел да ги запознае младите генерации со старата, изворна македонска песна, но и да ги наежи повозрасните, слушајќи она што е наше, со кое сме се издигнувале како нација. Благодарам на целиот тим и за сите убави коментари кои ги добивме за спотот и двете први песни кои вчера ги промовиравме”, вели Далибор.

Вчерашната промоција е само почеток на проектот на кој, наголемо се работи, се снимаат песни и спотови, заедно со “ВС Продукција”, а крајот ќе биде заокружен со голема промоција на целиот албум, по кој ќе следуваат концерти во и надвор од Македонија.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: