Музика на кирилица

Почина Васил Атанасов – пејачот кој го имаше еден од најголемите фолк хитови (Видео)

По долго боледување, денес во Германија почина познатиот македонски фолк пејач Васил Атанасов кој го отпеа еден од најголемите македонски хитови “Кој не раздели”. Оваа тажна и изненадувачка вест денес осамна на неговиот Фејсбук профил напишана од неговите блиски.

“Жална вест. Драги ФБ пријатели, на мојот брат и вујко Васил Атанасов, денес ни е најцрниот ден во животот. Почина нашиот најсакан брат и вујко денес во 5 часот утрово, кој ни го откина срцето од болки во тие тешки моменти. Мојот брат Васил Атанасов пред 5 години имаше жестока кавга со својот син Горан Атанасов, сега Влахов по мајка му Љопа Влахова кои ги интересира само пари да им даваш, а не те прашуваат дали имаш. Синот Горан по наредба од мајка му се откажа од татко му и од неговото презиме”, напиша сестрата на фолк пејачот и меѓудругото таа додава:

“Мојот сакан брат Васил Атанасов многу патеше поради тоа и од јак стрес доби нерамнотежа на телото. Пред една година лежеше во болница и го оперираа на вратот, а после таа операција тој се шлогираше и не можеше да оди, дојде дури до количка. Јас Ленка и мојата внука Аница кои сме кај него од кога падна болен, не го оставивме сам. Јас како негова сестра го негував, а тој од големиот стрес доби и шеќер. Од шеќерот кој што го имаше му се разболеа двата бубрези и три недели лежеше во болница во Германија. Јас со мојата внука одевме по три пати дневно во болница да го храниме затоа што тој не можеше сам да јаде. Три недели беше само на супа. Сношти после вечерата брат ми падна во кома. Утрово кога заѕвони телефонот од болницата ние се стресовме и знаевме што ќе ни кажат. Брат ми Васил Атанасов почина”, додава неговата сестра Ленка.

Таа уште вели и дека наместо неговиот син и семејство да се ангажираат и Васил достојно да биде погребан во неговата татковина Македонија за која пееше и за која се бореше, тој сепак ќе мора да биде погребан во Германија.

Васил Атанасов, нашиот познат македонски фолк пејач зад себе има голем број на хит песни, од која најпозната му е “Кој не раздели”. Тој долги години живееше во Германија. Роден е на 18-ти мај во Дабиле, Струмица.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....