Музика на кирилица

Погледнете како Фифи го живее својот сон (Фото)

Филип Јаневски кај нас познат како Фифи, извесно време живее во Шведска, а вчера имаше чест да настапи и да ја отвори 18-та по ред геј парада во Стокхолм. Со емотивна изведба на песната “Beautiful” од Кристина Агилера, и во придружба на госпел хор, Фифи заблеска на сцената и предизвика реакции на воодушевување кај публиката која во повеќе наврати ја поздравуваше со аплауз на отворена сцена. По импресивниот настап, Фифи ја сподели со присутните својата приказна и ги охрабри секогаш да се почитуваат и сакаат себеси.

“Имав околу 11 години кога прв пат ја слушнав песнава. Порано се криев, не знаев што не е во ред со мене. Моите родители и сите други ми велеа дека сум луда и дека никогаш нема да му се допаднам никому и дека личност како мене не треба да постои. Оваа песна буквално ми го спаси животот и ми помогна да ги пребродам најтешките моменти во животот, а ги имаше доста. Се соочував со толку многу дискриминација врз основа на мојот родов идентитет. Но, еве ме сега, се уште стојам на моите нозе, не се предавам, бидејќи сфатив дека тоа што е најважно во животот е како гледаме на себеси. Така што, секогаш почитувајте се и сакајте се себеси, бидејќи без разлика што велат другите луѓе за вас, вие сте прекрасни”, и порача Фифи на публиката која ја испрати со громогласен аплауз и овации.

По настапот, на социјалната мрежа Facebook се огласи и српската пејачка и композиторка Кристина Ковач, една од судиите на минатогодишниот “X Factor Adria”, која имаше само пофални зборови за изведбата на нејзината миленичка.

Kristina Kovac_status za fifi“Феноменално отпеа во придружба на госпел хорот! Толку многу сум горда на неа бидејќи храбро ја отфрли средината во која ја дискриминираа и замина некаде на друго место во потрага по своите соништа и подобри денови! Браво Фифи, така се прави тоа!”, напиша Ковач во нејзиниот фејсбук статус и го сподели видеото од настапот на Фифи во Стокхолм кое можете да го погледнете во продолжение.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: