Музика на кирилица

Поп пејачот Јасмин Алиевски ја запроси девојката (Фото)

Македонскиот поп пејач Јасмин Алиевски, кој во меѓувреме се појави и на музичкото регионално натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, ја запроси девојката со која што се забавува подолго време. Тој овој чин го објави на социјалните мрежи при тоа објавувајќи фотографија и емотивен статус.

„Вчерашниот ден во мене пробуди емоции за кои што не знаев ни дека постојат. Благодарам злато за овој прекрасен момент, секој ден да ни биде се посреќен. Официјално таа кажа да“, напиша Алиевски постирајќи ја фотографијата на кој го покажа свршеничкиот прстен.

Можеби ќе ве интересира: