Музика на кирилица

Поранешниот тапанар на „Леб и сол“, Драгољуб Ѓуричиќ, е на интензивна нега поради коронавирусот

Познатиот српски и југословенски рок-музичар Драгољуб Ѓуричиќ е на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. Тој бил префрлен на интезивна по дијагностицирањето Ковид-19, јавуваат медиумите. Некогашниот тапанар на „Леб и сол“ со денови имал висока температура од 39 степени, а дури пет дена подоцна решил да побара лекарска помош.

Познатиот музичар свиреше во групите „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и со други познати изведувачи.

Можеби ќе ве интересира: