Музика на кирилица

Поставен телескоп во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево (Фото)

„Ѕвезденото небо” на плоштадот „Македонија“ во Скопје го нема веќе, но Тоше не е заборавен од своите најверни фанови. Благодарение на нив, во Спомен куќата на Тоше во Крушево осамна телескоп. Имено во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево се одржа настан по повод неговиот последен концерт пред 14 години. На тој настан бил комплетиран и поставен телескоп кој во чест на Тоше го купиле неговите фанови. Телескопот Sky Watcher 305mm f/5 на EQ6 монтажа сега дел од поставката на спомен куќата.

Од 5-ти октомври 2009 година па наваму, ѕвездата со астрономски број и координати RA 21h 53m 39s D 15′ 49” во соѕвездието “Pegasus“ официјално го носи името “Тодор Тоше Проески“, под кое име оваа ѕвезда трајно е запишана во Меѓународниот регистер на ѕвезди во Швајцарија. Оригиналот од Сертификатот за меѓу­народно именуваната ѕвезда со името на Тоше, од страна на делегација на Интернационалниот фан клуб „Тоше Проески“ им беше предаден на родителите на Тоше, а сега се чува во спомен куќата.

Фото: Радан Митровиќ
Фото: Радан Митровиќ

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....