Музика на кирилица

Познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова се пофали: Го научив шведскиот (Видео)

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова откако се омажи со Јасмин Курузовиќ се пресели на Скандинавскиот полуостров, односно, веќе неколку години таа живее во Шведска. И покрај тоа што се труди почесто да доаѓа во родната Македонија, таа сепак заедно со своето семејство ужива во тамошниот живот.

Гавазова неодамна се пофали дека откако се преселила во Шведска, веднаш се заинтересирала и започнала да го очи јазикот, граматиката и се она што е поврзано со местото каде што живее.

“Го научив шведскиот јазик, но не го практикувам многу. Тоа што го знам, а знам многу, го изговарам најправилно. Знам добро и да читам и добро да пишувам на шведски. Има многу наши луѓе таму кои долги години се во Шведска, но тешко го зборуваат јазикот, но и не пишуваат добро”, открива Гавазова. По се изгледа дека Македонија и е во срцето, како што и самата таа вели, па Новогодишните и Божиќни празници заедно со семејството ќе ги прослави во својата родна Струмица.

Гавазова неодамна ја промовираше и нејзината најнова песна “Хало”, како и видео спотот за истата која што ако не сте го погледнале досега, во продолжение ќе имате можност да го направите тоа. Оваа песна е прва на српски јазик со која што Гавазова ќе се појави на емисиите на Гранд продукција. Видео спотот го реализираше Харис Дубица, познат режисер на Балканот кој што досега има работено многу спотови за познати музички имиња, песната е дело на Дениал Икс, додека пак текстот е на Драган Брајовиќ Браја.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: