Музика на кирилица

Познатата фолк пејачка Анета Молика заедно со сопругот Џими заминаа од Македонија?! (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатата македонска фолк пејачка Анета Мицевска попозната како Анета Молика, заедно со својот сопруг Џими се качија на авион и заминаа од Македонија. Да не бидеме погрешно сфатени, тие не се селат од нашата мила и убава држава, како што тоа го направија многумина кои некогаш беа дел од нашата македонска музичка сцена. Тие едноставно заминуваат на гости кај своите блиски во Крефелд, Германија.

Како што и самите објавија на социјалните мрежи, тие денес се веќе на прошетка во преубавиот Амстердам во Холандија. Инаку, неодамна соопштија дека доколку е можно и доколку има услови, а не карантин, полициски час или локдаун, за Новата година ќе ги забавуваат Македонците кои што живеат и работат во Гетеборг, Шведска.

Им посакуваме пред се убав одмор.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....