Веруваме дека на овој или оној начин сте слушнале и дека сигурно знаете која е познатата бугарска пејачка Преслава. Оваа преубава, секогаш позитивна и насмеана девојка има зад себе голем број на хитови, дуети со познати бугарски пејачки имиња, изминатите години е добитник на голем број на награди, а и е прогласувана за пејачка на годината во Бугарија.
Е токму таа, преубавата Преслава, верувале или не, на почетокот на својата кариера меѓудругото отпеа и голем македонски хит заедно со групата “Академци”. Станува збор за песната “Љубов балканска” која што по порачка од Payner од Бугарија (матичната продуценска куќа на Преслава) Сашо Ливрински ја подготвува музиката и аранжманот, додека пак Орце Зафировски е автор на текстот.
Кога би истражувале на интернет просторот за оваа песна, нешто што направи Вашиот новинар, нема да наидете на никакви информации, освен на една видео снимка која што сеуште постои на You Tube. Оваа видео снимка е всушност настапот на Преслава и групата “Академци”.
Оваа песна за прв пат е изведена во 2002-та година на познатиот летен фестивал кој што повеќе од две децении се одржува во Охрид, препознатливиот “Охрид фест”, а интересно е што познатата пејачка пее чисто македонски. Се надеваме дека еден ден, Бугарската музичка телевизија Планета ќе сними соодветен видео спот за оваа позната македонска песна која што и ден денес е голем хит, бидејќи нашите веќе одамна кренаа раце од македонската фолк музика.
Во продолжение, само како за потсетување на овој голем фолк хит, погледнете и уживајте!
Подготви: Иван Јосимовски