Музика на кирилица

Познатиот македонски идол Иван Раденов наскоро со нови песни

Веројатно се сеќавате на нашиот прв и засега единствен македонски идол Иван Радонов. Тој по оваа победа, се обиде да се претстави на балканско ниво, односно во големото регионално тв шоу “X Factor”, во кое за жал и многу не успеа. Најново кај него е тоа што младиот Раденов најавува нова песна која ќе ја промовира заедно со видео спот, кој всушност ќе биде и негов прв официјален видео материјал досега во неговата неколку годишна кариера. Тој за дневното списание “Дневник”, вели дека го чека напорен период, но се радува што повторно ќе пее авторска музика. Новата песна е дело на Срѓан Бранковиќ, со кој Иван има соработувано и во минатото, а за текстот секако беше ангажиран најдобриот Огнен Неделковски.

“Ќе посветам песна на мојот најдобар другар Ристо Калиников, чиј живот згасна прерано. Тоа е одлична балада која верувам дека силно ќе допре до слушателите. Веќе имам доволно материјал за албум. Наскоро ќе ја снимам и првата песна во која се јавувам и како автор на музиката и на аранжманот”, вели Раденов и додава:

“Знаев дека ќе има и добри и лоши коментари. Успешно се справувам со сите, го работам она што го сакам, ова е мојот живот и правам што мислам дека е правилно. Не се мешам во ничиј живот и одам понатаму”, појаснува Иван Раденов за “Дневник”.

По животот во Белград, секојдневните свирки, тој заедно со својот брат се вратија во родното место каде што моментално имаат угостителски бизнис.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: