Музика на кирилица

Познатиот македонски музичар Горан Милошески со интересна композиција ќе настапи на престојниот “Тумба Фест” (Фото)

На 24-ти овој месец, или само за неколку дена, во Куманово на Градскиот плоштад ќе се одржи новото издание на Фестивалот на шегобијна песна “Тумба Фест”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, еден од многубројните изведувачи ќе биде и познатиот македонски продуцент, композитор и аранжер Горан Милошески, кој пак во оваа прилика заедно со Џони и Ани ќе отпеат интересен и шегобиен дует за еден скопски фраер и прилепски мајтапџија кои се заљубуваат во една лична кумановчанка. Интересна приказна, зар не?

За време на снимањето на песната “Швалерска рапсодија” во студиото “Кактус” на музичарот Горан Милошески

“И сега Бато за сите пак е шеф…”, се вели во дел од песната “Швалерска рапсодија” која македонската публика, а и сите присутни на кумановскиот плоштад ќе имаат можност да ја слушнат премиерно и за прв пат.

Музичкиот портал Музика24 е еден од медимуските покровители на овогодинешното издание на познатиот “Тумба Фест”, на кој што освен Горан Милошески, ќе настапат и голем број на познати македонски музички имиња од Македонија, како и музички имиња од Бугарија и Србија.

Не заборавајте, 24-ти август, Градски плоштад во Куманово, “Тумба Фест”.

Можеби ќе ве интересира: