Музика на кирилица

Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски наскоро ќе стане татко

Ламбе Алабакоски наскоро ќе стане татко, пишува Вечер. Неговата сопруга Магдалена веќе е влезена во деветтиот месец од бременоста и ситно се бројат деновиве до нејзиното породување. Двојката чека син. Како што пишува Вечер, пејачот и неговата избраничка се заедно неколку години, а во брак се од лани.

Веднаш по свадбата заминаа на неколку месеци во Америка, каде живее и семејството на Магдалена, која по потекло е битолчанка. Во моментов живеат во семејната куќа на Ламбе, во Љубојно. Последно нешто што го слушнавме од него на музички план беше песната “Дојди ми”, за која сними и видео запис.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: