Музика на кирилица

Предновогодишно, Милица Кузмановска и Наум Петрески со дуетска новогодишна песна (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24 од прва рака, на далеку познатите и барани професионалци Милица Кузмановска и Наум Петрески деновиве го промовираа својот новогодишен дует за новогодишната песна едноставно насловена “Новогодишна”.

Оваа интерсна спојка од ангелските гласови на Милица и Наум само се надополнуваат на оваа предновогодишно-божиќна атмосфера која се повеќе и повеќе ја чувствуваме и доживуваме. Тие сакајќи да им ја честитаат Новата 2022 година го снимија овој дует, а и видео спот кој ќе имате можност подолу и да го погледнете.

Песната е дело на Дејан Миленковски, додека текстот го напиша Надица Гошева. Видео спотот пак, комплетно го реализираше ИНТВ продукција, а како што дознаваме истиот е снимен во домот на пејачот Наум Петрески.

Уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Фото: YouTube

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....