После подолга музичка пауза, една од нашите најпознати пејачки, Елена Ристеска подготви изненадување за македонската, но и регионална публика која ја има во уште поголем број после нејзиното учевство на шоуто “Твоето лице звучи познато” кое се одржа во Белград, каде Елена успеа да го освои второто место. Вечерва на познатото музичко натпреварување “Х-Фактор”, Елена ќе ја промовира својата најнова песна на српски јазик насловена како “Доживотно”.
Станува збор за композиција на познатата српска авторка, текстописец и композитор Александра Милутиновиќ со која Елена се запознала уште за време на Радискиот фестивал во Белград во 2008-та година, но соработката започнала за времетрањето на шоуто “Твоето лице звучи познато”. Песната ќе има две верзии, една на српски и уште една на македонски јазик. Инаку аранжманот е дело на искусниот Дарко Димитров.
“Доживотно” е песна која е многу емотивна и кога прв пат ја слушнав ме остави без здив. Снимена е веднаш после моето учество во шоуто “Твоето лице звучи познато”, бидејќи додека траеше ова шоу, јас и мојата пријателка Александра веќе имавме идеи за соработка. Кога ја слушнав оваа песна не можев да издржам, а да не ја снимам веднаш. Оваа песна е нешто многу посебно за мене и сметам дека балканската, па и македонската публика ќе ја поврзат многу брзо за емоцијата која поминува низ оваа песна и мојот вокал. Направивме две верзии, една на српско-хрватски јазик и една македонска верзија. Особено ми е драго што ме повикаа песната да ја промовирам на “Х-Фактор”, затоа што пред 13 години и јас победив на едно слично шоу и оттогаш почна мојата кариера. Едвај чекам да ги слушнам коментарите вечерва после мојот настап.
Слушнете како звучи рефренот на српско-хрватски јазик:
Слушнете како звучи и на македонски јазик:
Фото: Мирко Табашевиќ