Музика на кирилица

“Бен Хур” со нова песна и видео спот (Видео)

Како што дознава специјализираниот музички портал Музика24, познатиот прилепски рок-бенд “Бен Хур” имаат нова песна. Како што велат тие, овој пат станува збор за сосема нешто поинакво од досегашната нивна музика.”Наша земја Македонија” е насловот на новата песна, а истата е посветена на нашето богато и славно минато.

Текстот на Душко Темелкоски кој овојпат се јавува како главен вокал и кој е вообличен преку музиката и аранжманот на гитаристот Борче Шабаноски, во чие студио е и снимена самата песна. Видео записот го реализира Фабрика продукција од Скопје на две препознатливи локации поврзани со минатото на Прилеп, Могилата на непобедените и манастрискиот комплекс Свети Архангел Михаил во Варош.

Ben HurВо него зедоа учество младите прилепчанки Александра, Марија, Елена, Емилија, Адела, Тамара, Леонарда, Ангелина, Викторија, Тамара, Анастазија и Стефани, како детски хор. Главниот дел од видео спотот се снимаше на сцената на Центарот за култура Марко Цепенков.

Во продолжение, Ви предлагаме да ја преслушате новата песна на овој познат прилепски рок-бенд, а и истовремено да го погледнете новиот спот за веќе споменатата песна.

Од Прилеп за Музика24: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: