Звучи чудно зар не, но сепак тоа е новиот бренд на македонската музичка сцена каде во составот членуваат веќе докажани врвни музички имиња како Тони – Биоритам, Дејан Дицевски, Горан Јовановиќ – Топче и Горан Трајков кој заедно го сочуваат новиот состав “Македонски петли”. Тие интезивно работат на новиот материјал кој наскоро треба да се промовира во јавноста, а она што тие го најавија е нова песна во ново руво.
“Верувам дека она што го вложивме заедно овој период ќе вроди со плод, затоа сум пресреќен дека сум дел од овој тазе свеж бенд кој ќе ја раздрма публиката”, изјави Тони. Ова е голема прилика да се види нешто ново и интересно на македонската музичка фолк сцена, но според тоа што она ние можевме да приметиме е големата упорност за успех.
Подготви: Редакција Музика24