Музика на кирилица

Промоција на “Македонската Фаланга” – Виена со Благица и Душко (Фото)

Навивачката група “Македонска Фаланга” од Виена во сабота 25.04.2015 год. ја имаше своја официјална промоција на која присуствуваа околу 200 симпатизери. На оваа промоција беше промовирано раководството на фалангата како и официјалната химна кој ја напиша и испеа нашиот член Павле Кајмакоски. На промоцијата се обрати претседателот Тони кој ги поздрави сите присутни и им појасни што впрочем е “Македонската Фаланга” и со каква цел е формирана. По поздравниот говор на претседателот на сите членовите им беа доделени маици, капи и знамиња со официјалното лого на македонската фаланга од Виена.

d b 1Покрај вкусната скара и ладните пијалоци за одличната забава се погрижија естрадните уметници Благица Павловкса и Душко Георгиевски придужувани од Да-Ди Бенд (Далибор) и Тоци. Голема благодарност од раководството на “Македонската Фаланга” до сите оние кој придонесоа овој проект и да се реализира.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: