Музика на кирилица

Рап собир во чест на Филип Boss

На 15-ти јануари (среда) во зимскиот клуб “Havana” во Скопје ќе се одржи меморијален Рап собир во чест на Филип Boss (артист и еден од основачите на hiphop.mk).

“Се собираме сите заедно да го прославиме неговиот роденден и да му одадеме почит кон неговото творештво во рапот. Посакуваме овој собир да се одржува секоја наредна година , на истиот датум. Затоа драги пријатели, соработници, познаници и слушатели да дојдете и сите заедно да го обележиме овој ден. Парите собрани од овој собир ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Почивај во мир!”, велат организаторите на овој Рап собир.

Цената на влезиците е симболична и изнесува само 100 денари. Настанот започнува во 22 часот, а како артисти на сцената ќе имате можност да ги видите: Skopje Crew, Urban Records, TyTe Krtot, Daz Flow, Ago Hajd & Cobe, Toksikolozi, Sekachot.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: