Музика на кирилица

Ris Flower на есенска турнеја во Јапонија!

На покана на локалните јапонски промотери, нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower во октомври ќе реализира концертна турнеја во 6 јапонски градови: Токио, Осака, Кјото, Кобе, Нагоја и Шизуока.

Поради големата заинтерсираност и прифатеност на музиката на Ris Flower во Јапонија, тој на турнејата ќе го промовира материјалот од својот авторски деби-албум “Flow”.

Во овој значаен и историски момент за современата македонска поп и рок музика, со својата турнеја низ Јапонија, Ris Flower повторно докажува за квалитетот и вредноста која ја носи како музичар, овој пат пробивајќи ги и интерконтитенталните граници.

Можеби ќе ве интересира: