Музика на кирилица

Ris Flower направи инзвонредна преработка на хитот “Come Undone” од легендарните “Duran Duran” (Фото)

Нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower со официјална согласност од членовите на легендарната англиска група “Duran Duran”, го објави својот кавер на еден од најголемите поп-рок хитови на сите времиња – “Come Undone”. Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар.

“Чест ми е што добив одобрение од продукциската куќа на “DURAN DURAN” да изработам официјален кавер на една од моите омилени песни. Во оваа преработка целта ми беше да ја задржам уникатноста на мелодиите на ова ремек-дело, а воедно да оставам и свој специфичен препознатлив печат преку вокалната изведба и современата продукција. Презадоволен сум од постигнатиот резултат, размислувам да снимам и акустична верзија на песната.”, изјави Ris Flower.

Имено, Ris Flower го издава овој сингл непосредно пред својот концерт кој ќе се одржи на 18-ти мај во клубот Станица26 во Скопје, на кој ќе го промовира својот прв албум “Flow”.

Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk.

Можеби ќе ве интересира: