Музика на кирилица

Ристе од “Ѕвезде Гранда” се распеа во градскиот парк во Скопје (Видео)

Симпатичното момче кое што од недела во недела се повеќе и повеќе успеава во тв шоу-то “Ѕвезде Гранда” и кое што неодамна потпиша договор со оваа позната српска продукција, неодамна ги изненади своите фанови со рефренот од можеби најдобрата македонска испеана балада од Владо Јаневски, а станува збор за “Некогаш и негде”. При реализацијата на неговата ексклузивна и последна фото-сесија кој што Ристе ја имаше во градскиот парк во Скопје, тој времето за пауза го искористи малку да се забавува, поточно, сними кратко видео со кое што ги поздрави сите свои верни сегашни, но и идни фанови.

“Некогаш и негде” ја отпеа токму онака како што и сите очекувавме. Како што дознаваме финалето на “Ѕвезде Гранда” ќе се одржи кон почетокот на следниот месец, а дали нашиот Ристе ќе биде дел од истото и дали следниот победник на ова на далеку гледано тв шоу ќе биде токму македонец, тоа останува да видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=PiK4QBvbNm0

Текстот го подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: