Музика на кирилица

“RGB” сними нова песна, а за новата 2015-та најавуваат и албум (Аудио)

Кривопаланечкиот бенд “RGB” сними нова песна насловена како “Убаво е”, зад која како автори стојат членовите на бендот. Ова е нивна прва песна, иако постојат подолго време на македонската сцена.

“Инспирација е да се прават песни од срце, а такви се нашите. Сите сме рокери во душа и затоа не брзаме со песни, туку оставаме се да се случува по свој пат. Ја пуштивме оваа како почеток на се она што од нас ќе се случува во иднина, а тоа се нови песни и албум. Веќе се подготвуваат првите четири и до мај идната година, за кога планирам албумот да биде готов, ќе бидеме комплетни. Секако дека и за оваа и за другите песни ќе бидат снимени спотови”, велат членовите на бендот.

RNBГрупата “RGB”, која кратенка од англиски јазик ги претставува црвената, зелената и сината боја, ја сочинуваат Мартин Николовски – вокал, Александар Станковски – гитара, Александар Михајловски – бас и Благоја Антовски – тапани. Се додека не го снимат албумот тие нема да имаат настапи, но веднаш по промоцијата ќе започнат со концертна промоција низ државава.

http://youtu.be/E3uNZpYZNRU

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: