Со емотивната и страшно чувствителна балада посветена на нашата Македонија, “Мојата Македонија”, нашиот познат македонски поп пејач Давид Темелков на сите македонци им го честита големиот македонски празник, 11-ти октомври, денот кој е премногу значаен за нас и нашата држава Македонија.
Многу песни се отпеале за Македонија, безброј пати истата е отпеана во голем број на традиционални народни песни, како и забавни композиции, но оваа на Давид… ретко се случува песна да се отпее а да не може да се сврсти во некој одреден жарн.
“Оваа мелодија долго ме следеше и долго ми најавуваше дека сака да биде дел од мојот живот. Едно утро само решив тоа да го направам и мојот живот и поглед кон Македонија да ги преточам во песна. 4 години зрееше и тлееше, чекаше во мене… До сега сум отпеал многу песни, но овој пат беше поинаку. За прв пат додека ја снимав оваа песна почувствував некоја стравопочит, некоја чудна одговорност која до сега не сум ја почувствувал… Срцето ми чукаше доста забрзано и емоциите беа тешко скротливи. Прв пат се исплашив од некоја песна. Оваа песна е еден поклон од Македонија за мене, и од мене за Македонија… Ти благодарам Македонијо!”, емотивно вели Давид Темелков.
Автор на музиката и текстот е Давид, додека пак аранжманот е на одличниот Александар Јовевски кој за момент се појавува во видеоспотот.

За оваа навистина емотивна песна Давид има снимено и видеоспот, која ги открива убавините на Македонија и патувањето низ неа…а во продолжение со задоволство Ви предлагаме да го погледнете истиот: