Музика на кирилица

Сања Лефкова ни доаѓа со нова песна

После песната “Среќа”, Сања Лефкова ни доаѓа со нова песна. Насловот на песната е “Врати се” и е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. Акустичната гитара во песната ја отсвире Иле Спасев. Се работи за модерна, непретенциозна тема, која што е лесно слушлива и одговара на атмосферата што пролетта и летото ни ја ветуваат.

“Врати се” многу наскоро ќе добие и видео запис, кој во моментов го изработува Томато Продукција. Инаку, пејачката Сања Лефкова работи со полна пареа на новиот материјал од кој одредени песни ќе се пејат и на англиски јазик, со намена за интернационалниот пазар.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: