Музика на кирилица

Сања Лефкова по подолга пауза се враќа на македонската музичка сцена

По подолга пауза, македонската поп пејачка Сања Лефкова повторно се враќа на македонската музичка сцена. Таа со песната “Среќа”, чии комплетен автор и продуцент е Александар Масевски, го означува нејзиното повторно враќање на сцената и го опишува нејзиното внатрешно чувство за изминатиов период во кој таа основа семејство и за прв пат стана мајка. Како што вели Лефкова за Музика24, песната “Среќа”ќе добие и свој видео запис снимен под режисерската палка на Александар Ристовски-Принц и ќе биде презентиран на јавноста во најскоро време.

Sanja LefkovaФотографиите специјално по овој повод направената фотосесија ги изработи младиот Стефан Соколовски – Бадстеф, а пак стајлингот, шминката и фризурата ги направи Фросина Ангелковска – Фран.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: