Македонската естрада заедно со хорот на Златно Славејче деновиве во етер ја промовираше новата наменска композиција “Шанса за живот” која има за цел да помогне за оние кој им е најмногу потребно, поточно за интензивниот одел на Клиниката за детски болести. Иако целта е да се соберат финансиски средства за да се опреми самиот оддел, сепак како што велат Влатко, Наталија, Рената и Виктор она што тие можат да придонесат е да се покрене иницијатива за помош преку донирање на телефонските броеви кој се наменети за тоа.
“Среќни сме што сме вклучени во оваа хуманитарна кампања, иако секогаш сакам да потенцирам раката што дава никогаш не се суши тоа е златно правило кое мора да го знаат сите и се надеваме дека ќе допреме со оваа песна до срцата на граѓаните”, изјави Наталија која е учесник во проектот.
Пејачите ги повикуваат сите што повеќе да ја споделуваат песната за да може што повеќе луѓе да ја прифатат идејата и да се вклучат во кампањата за опремување на овој оддел во Клиниката за детски болести.
“Минатата година успеавме делумно да го опремиме одделот, но верувајте потребни ни се уште поголем број донации, бидејќи од нив зависи нормалното функционирање на одделот”, изјави доктор Радица Муратовска од Детската клиника.
Можете да донирате преку отворените телефонските броеви за донации 070/075/077 143 333. Исто така, можете да помогнете со минимално донирање на 100 денари во обележаните кутии на бензинските пумпи на ОКТА со што граѓаните добиваат алка со логото на кампањата како нејзин поддржувач, преку набавка на гориво од бензинските пумпи на ОКТА од чија продажба се одвојува процент за кампањата, како и со донација на наменски отворената сметка на кампањата во Стопанска банка 200002709659393.
Подготви: Редакција Музика24