Музика на кирилица

Сара Ароесте ја најавува турнејата низ Македонија со преработка на „Од Битола појдов“

Американската ладино пејачка со македонско потекло, Сара Ароесте, вчера ја промовираше преработката на познатата народна песна „Од Битола појдов“ а со која ја најавува турнејата низ Македонија. Имено, Сара на 22-ри јули настапува на „Локум фест“ во Битола, на 24-ти јули на „Охридско лето“ а на 27-ми јули на „Скопско лето“.

Сара потекнува од еврејско семејство од Битола, кое до Втората светска војна живееше на самиот Широк сокак.

На преработката работеше екипа од Македонија и Израел а проектот е сниман минатото лето пред некогашната семејна куќа на предците на Сара во Битола. Македонски продуцент е Мими Марковски а свој креативен придонес дадоа Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов како придружни вокали односно Амедов и како придружба на кларинет. Спотот е исто така сниман од македонска екипа а доработен е во Израел во склоп на пост-продукцијата.

Можеби ќе ве интересира: