Музика на кирилица

Сара Мејс со видео спот за песната “Пеперутки” (Видео)

Она што се најавуваше пред извесен период од Горила продукција, денес беше официјално објавено. Сара Мејс го претстави својот нов спот за песната “Пеперутки”, песна која и ја презентираше на македонската јавност пред неколку недели.

“Јас сум човек што сака да остварува ветувања, па она што го кажав пред неколку недели, денес конечно се исполни. Спотот за “Пеперутки” е готов. Многу ми е драго, што овојпат решивме со мојата продукција да раскажаме една поинаква приказна, приказна која ги претставува македонските убавини, приказна во која се опишуваат многу емоции и најразлични чувства. Уште подраго ми е тоа што во спотот глуми Атанас Атанасовски, кој својата улога си ја претстави точно онака како што замислувавме”, вели Сара Мејс за нејзиниот нов видео запис за песната “Пеперутки”, кој денеска беше официјално објавен на You Tube каналот.

Sara MejsСпотот е сниман низ неколку скопски села, а идејата е на режисерот Горан Костадинов, кој сака низ овој спот да ги претстави македонските убавини кој ни се толку блиску до градските гужви, а се повеќе ги забораваме. Спотот раскажува една љубовна игра на двајца млади кои дали ќе имаат среќен крај оставаме да дознаете. Спотот е во продукција на Горила Филмс и се задоволни од резултатот, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.

Во продолжение, погледнете го видео спотот за новата песна на Сара Мејс:

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: