Музика на кирилица

Се бара притвор за Ламбе: Максималната казна е 5 години затвор

Утрово силно одекна веста дека пејачот Ламбе Алабаковски е уапсен бидејќи ја запалил влезната врата на бугарскиот културен клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола пред три дена.

Се преземаа криминалистички активности во овој дел, беа извршени многу службени разговори, се прегледа многу материјал од видеонадзор. И на основа на сите овие информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. Доцна синоќа по наредба на судот, а по предлог на СВР Битола и надлежен обвинител извршен е претрес во домот и неколку други објекти кои ги користи сторителот. Пронајдени се облеката и други предмети кои се доверуваат во врска со кривичното дело, тоа значи дека имаме неспорни и несоборливи докази. – соопшти мвр.

Ламбе е осомничен за делото предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години

Во меѓувреме политичката партија Левица, адвокатите Јанаки Митровски и Драги Пешевски на социјалните мрежи се понудија бесплатно да го бранат Ламбе во судската постапка.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пејачот го признал делото. Министерот, исто така, рече дека МВР бара да се одреди и притвор за осомничениот бидејќи смета дека се исполнети условите. За мерката притвор се очекува денес да одлучува Основниот суд во Битола.

 

 

Можеби ќе ве интересира: