Музика на кирилица

Се е подготвено за концертот на Љубојна и Исмаил Лумановски на Хераклеа (Видео)

Се е подготвено за концертот на македонската етно група Љубојна и виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски на Хераклеа, насловен како “Шербет Љубојна”. Концертот ќе биде посветен на градската чалгиска музика со 15-тина музичари на сцена и неколку придружни вокали. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а со истиот свечено ќе се затвори 45-то јубилејно издание на фестивалот “Илинденски денови”.

Целиот разговор со главниот вокал на групата Љубојна, Вера Јосифовска ексклузивно на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе можете во продолжение да го погледнете, благодарение на нашите соработници од Битола – регионалната Орбис телевизија.

Од Битола за Музика24: Јовица Пауновски

Видео: ТВ Орбис

Можеби ќе ве интересира: