Музика на кирилица

Се надзира нов хит: Јоце Панов напорно работи на својот најнов сингл

Можеби за момент помисливме дека еден од најактуелните балкански поп пејачи Јоце Панов после настапот на “Скопски Фестивал” каде ја изведе “Ни љ од љубовта” се одмара, но верувале или не како што дознаваме од сајтот Вистина.мк тој речиси месец и половина работи на својот најнов сингл кој е во соработка со познати врвни музички имиња од естрадата меѓу кои ќе ги споменеме: Џамбо Агушев, Ставре Ставрев, Авто и Ивица Јорданов.

J 1“Оваа композиција има заразна и хитовска мелодија и текст, премногу е жива, па затоа ги одбрав овие врвни музичари кои работеа на песната. Премногу сум задоволен од соработката, но и сигурен сум дека ќе наиде на позитивни критики од публиката”, изјави Јоце Панов. За истата композиција се подготвува и видео-спот и со српска верзија каде би требало кон крајот на месец април да се случи и официјалната промоција.

J 2

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: