Музика на кирилица

Ексклузивно: Се шушка, Лила и Филип Пешевски снимаат дует?!

Како што дознава музичкиот портал Музика24, младиот, симпатичен, секогаш насмеан и згоден македонски поп пејач Филип Пешевски подготвува дует со нашата најпозната, најпосакувана и најбарана македонска тв водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска (препознатлива по квизот “Се или нешто”).

Песната “Тешко мене со тебе” е снимена во студиото на Роберт Билбилов, а неофицијално станува збор за голем летен хит за кој што допрва има и да се зборува и пишува. За песната е планирано да се снима високобуџетен видео спот, а зад реализација на истиот се споменува Бане Поповиќ (Томато продукција), главен продуцент на проектот е познатиот Зоки Фаци.

Како звучи песната, кога и каде ќе биде снимањето на видеото… останете со Музика24, наскоро повеќе информации.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: