Музика на кирилица

Секси розево: Симона Поповска како “Viber” девојка (Фото)

 

На покана на основачот и извршен директор на “Viber” – Талмон Марко и во организација на министерот за информатичко опшество Иво Ивановски, DJ Ерик Фокс и Симона Попоска имаа чест да настапат и забавуваат присутните на првата ексклузивна Viber забава во Македонија, која се одржа во Клуб “Станица 26” во Скопје. На забавата присустувале основачот и извршен директор на компанијата Талмон Марко, и неговите соработници, директорот за технолошки развој на “Viber” Игал Магазник и Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија Ракутен.

Како што дознаваме, забавата траела до раните утрински часови. Атрактивната пејачка и една од најдобрите вокали кај нас Симона, како и на секој настап така и за оваа пригода имаше специјален комплетен стајлинг, едноделен костим кој го оцртува и истакнува згодното тело на пејачката во виолетова боја соодветна на бојата на компанијата и накит специјално изработен за оваа прилика од вештите раце на дизајнерката Наташа Гулевска, за шминката се погрижи мејкап артистот Бобан Тодоровски.

Во продолжение уживајте во фотографиите од забавата.

Simona Popovska Simona Popovska Simona Popovska

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: