Музика на кирилица

Силви Бенд наскоро со нов албум

Реномираниот брачен состав “Силви бенд” кој се веќе добро познати во јавноста по нивните песни, овој пат ни подготвуваат доста “сочен” албум кој веруваме ќе ја задоволат публиката од 7-77 години.

“Се работи за доста квалитетен проект кој ќе ги опфати најпознатите цигански романси од целиот свет во кој ќе дадеме свои аранжмани, бидејќи како што знаеме и кај нас се актуелни овие композиции, па затоа се одлучивме токму за тие песни со кој оди едно добро квалитетно црвено вино”, изјави ексклузивно за нашиот портал Влатко Плевнеш.

Не случајно е што овој состав се одлучи за ваков пристап на обработки, а како што знаеме нивниот претходен проект беше албумот “Коштана” каде беше опфатена исто така и циганската музика со што беше прифатена доста добро од публиката. Иако публиката ги знае по нивните љубовни тематски композиции, редно време е да ги слушнеме и во друго светло.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: