Музика на кирилица

„Силви бенд“ ќе го изведат мјузиклот „Ромален“ во Ахен, Германија

Во организација на музичката куќа и продукција „Сил-Вла”. Познатото македонско дуо „Силви бенд“ на 17-ти октомври со почеток во 20 часот, а со својот мјузикл „Ромален“ ќе настапат во Ахен, Германија.

Во мјузиклот преовладува  рустичност, древност и оригиналност. Мјузиклот е создаден пред околу три години и од тогаш е изведуван во земјава и соседството. Истиот е составен од 13 нумери и претставува приказна за ромскиот живот раскажана преку радосни, тажни и страстни песни. Концертот ќе биде вистинско доживување за сите љубители на убавата музика. Овој перформанс го изведуваат околу 15 луѓе на сцената, облечени во прекрасни народни и традиционални носии.

Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален и меѓународен интерес за 2020 година.

Можеби ќе ве интересира: