Музика на кирилица

“Силви бенд” одржаа велигденски концерт на отворено од својот дом (Видео)

Како што не известуваат од ПР тимот на препознатливите “Силви бенд”, тие во неделата токму на првиот ден од големиот христијански празник Велигден 19-ти април, со почеток од 19часот па се до 21 часот го одржаа својот велигденски концерт од балконот на својот дом. Соседите од населбата Козле, но и жителите на Жданец, Трнодол, Нерези , Водно, Карпош, дури некој дел од Капиштец, уживаа во прекрасните нумери на “Силви Бенд” , но и во светски хитови, евергрини, македонски, латино… Насмеани и опуштени луѓето го следеа концертот од своите  дворови, балкони, прозорци, снимајќи и танцувајќи.

Еден од своите најдолги аплаузи таа вечер, двојката Силви и Влатко го посветија на здравствените работници, за несебичната пожртвуваност во борба против Ковид 19.

“Ангели ме носат” ги допре срцата на сите, се сплотија во еден глас и една желба – здравје, љубов и мир секаде, во целиот свет, а сето тоа искрено им посакуваше и Силви после секоја песна. Музичарите се посебно задоволни од овој спонтан концерт, и особено од силниот одек на фејсбук мрежата. Влатко, сопругот на Силви, на шега додава дека се радува што идејата на својата сопруга ја претворил во реалност, и дека вредело што до четвртиот кат, поточно до терасата на покривот на нивната куќа, ја носел и монтирал целата опрема од нивното студио, за да се добие посакуваната перфекција на овој концерт. Среќни се што успеале да обојат една музичка вечер на нивните соседи и не да исклучуваат можност за повторно ваква музичка дружба.

Во прилог на овој текст, погледнете како тие звучеа и како накратко изгледаше нивниот концерт…

Можеби ќе ве интересира: