Пејачката со највпечатливиот и најенергичен сценски настап на “Макфест” за кој беше и наградена секси Симона заприметуваме е доста активна периодот, едноставно не мирува и незнае за одмор. Макфестовската “Ќе најдам друг” е и второпласираната на овогодинешниот фестивал. Симона акцентот на фестивалските настапи го става на играњето на сцена во друштво со танчари кое бара доста кондициски вежби за да сето тоа изгледа, а и звучи точно без фалширање во пеењето.
“Искрено многу се трудам околу настапите, посетувам часеви по танц, кондициски вежби и фитнес вежби за мојот изглед, за да настапот на сцена барем малку доликува на настапите од светските ѕвезди, затоа што за мене само тогаш еден пејач би бил комплетен”, ни изјави Симона. Можеме да заклучиме дека дека секој нејзин труд и нејзина појава на домашните фестивали е проследена со награда.
Нејзината енергија не запира, па време е за нов летен хит, овој пат заедно со нејзиниот соработник продуцентот и DJ Erik Fox подготвуваат песна на англиски јазик, која ќе биде малку во поразличен поп-денс стил кој досега не сме го чуле во нивните заеднички песни. Автор на музиката и аранжманот е Ерик, додека текстот е на Давид Димовски кој во моментов се доработува, додека пак песната е готова.
“Летото и летните забави се пред нас, па време е за жешка и енергична песна, со која се надеваме ќе ги израдуваме сите нашите фанови, со кои се дружиме по нашите клубови и дискотеки”, ни изјавија Ерик и Симона. До догаш уживајте во настапот од штотуку завршениот “Макфест”.
https://www.youtube.com/watch?v=l3OcaNBbFhQ
Подготви: Редакција на Музика24