Пејачката Симона Попоска по повод новогодишните празници и оваа година ги почести своите фанови со новогодишна фотосесија. За нејзиниот изглед се погрижија стилистот Дадар – шминка и фризура, нокти Ивана Заковска и рачно изработениот накит на Наташа Гулевска, специјално изработен за пејачката. Со оваа фотосесија Симона ја најавува соработката со Наташа која стана заштитно лице за нејзиниот накит.
Атрактивната пејачка на почетокот на Новата година ја најавува и нејзината нова песна и спот на македонски јазик. 2014-та година беше повеќе од успешна за пејачката во која имаше доста настапи во и надвор од државата, од нив би ги издвоиле турнеата во Австралија и Швајцарија, настапот со Ерик Фокс на “The Miss Globe” во Албанија, наградата на “Макфест”, соработката со фитнес центарот “Титаниум”, многу други соработки, проекти, хитови..
“Си посакувам пред се да сум здрава, тоа е најважно и се разбира 2015-та уште поуспешна да ми биде на секое поле, а најмногу сакам да го издадеме албумот (The Sound Messengers )”, изјави пејачката. Сите оние кои одлучиле новогодишната ноќ да ја поминат на градскиот плоштад во Скопје ќе имаат прилика да се забавуваат со DJ Erik Fox и Симона кои ќе ја имаат честа да ја отворат големата новогодишна прослава.
Уживајте во новогодишните фотографии во продолжение.