Музика на кирилица

Симона со нова фотосесија како најава за новиот сингл (Фото + Видео)

После долг период повторно со нешто ново и свежо не изненадуваат The Sound Messengers, во кој може фановите да уживаат во она што тие го подготвија за вас.

“Ако ја сакаш мојата љубов” односно “If you want my love” не е насловот на прирачник за тоа како се заслужува љубовта на атрактивната пејачка Симона Попоска, туку само насловот на новата песна на дуото во кое настапува, а кое се нарекува The Sound Messengers.

Атрактивната пејачка со новата фотосесија го најави новиот позитивен Funky, Deep, House сингл адекватен за пролетниот топол период што следи. Фотосесијата ја изработи одличниот фотограф Никола Аџиевски кој веќе седум години активно се занимава со фотографија, за стајлингот на истата се погрижија шминкерот кој насекаде ја следи пејачката Бобан Тодоровски, додека пак за накитот Наташа Гулевска.

Комплетен автор на песната е DJ-от и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го напиша Виктор Зафировски , а тие посебна благодарност упатуваат до студио Јованови за поддршката. Во продолжение, уживајте во фотографиите и во новиот сингл за кој се надеваме ќе биде новиот голем хит на дуото.

s 1

S2

s3

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: