Антонио Пејоски, момчето кое несомнено чекори кон врвот на македонската музичка сцена го објави својот најнов сингл “Без тебе умирам”, за кого е снимен и одличен видео спот. Оваа прекрасна рок балада се најавува како голем хит за ова лето 2016-то. Видео има интересна приказна чија што моќ можете да ја почувствувате во самото видео за истата, каде како модел се појавува преубавата Тања Граждани. Како автор на музиката и текстот се потпишува самиот пејач, додека зад аранжманот стои Славиша Киброски (К-Тим продукција).
Симпатичниот Антонио новата песна ја сними заедно со својот бенд “The Band”, односно младите Младен Тодороски (клавијатура), Марко Лазароски (гитара) и Марјан Перески (тапани) со кој што Антонио веќе подолг временски период настапаува ширум цела Македонија. Инаку, видео спотот за неговата најнова песна е дело на познатата охридска продукција “Power production”, а како главен “виновник” што видеото изгледа онака светски и модерно е режисерот Ваљон Дервиши истиот помогнат од Ѓоле Савески. Новото видео парче е снимено на неколку познати локации низ Битола, Охрид и Струга.
Како што досега Музика24 на неколку наврати Ве информираше, ова младо момче досега има неколку познати хитови зад себе, како и неколку снимени ковери за познати светски поп песни, за кои и во иднина ќе пишуваме и секако ќе Ве информираме. А во продолжение, Ви предлагаме едноставно да се опуштите и да уживате во новиот видео спот за најновата песна на Антонио Пејоски.
Подготви: Редакција на Музика24