Вчеравечер за време на одржувањето на поп вечерта на музичкиот фестивал “Канео фест”, кој се одржува во Охрид, настапи и познатата македонска фолк пејачка која изведе одлична поп балада која што присутните немаа среќа од прва да ја слушнат. Поради проблеми со техниката или ненамерно заменување на песните, наместо песната на Благица Павловска на неколку наврати беше пуштена погрешна песна, со што познатата пејачка речиси 10-на минути стоеше на сцената незнаејќи што и како да прави. За малку да ја напуштеше истата. Но, за среќа на присутната публика и сите љубители и почитувачи на овој музички фестивал, песната беше пуштена и пејачката Павловска ја отпеа својата песна.
Пејачката Благица Павловска на доделувањето на наградите се закити со Награда за животно дело, а таа меѓудругото изјави дека конечно организаторите на музички фестивали и манифестации да започнат со доделување на награди од овој тип на веќе докажани и покажани музички имиња, бидејќи откако човек ќе замине на оној свет секоја награда е вредна, но сепак музичарот не може да ја почувствува.
Подготви: Марија Поповска