Музика на кирилица

Скит со порака за будење

Скит со нова трака, која ќе биде дел од неговиот втор соло албум. Траката носи наслов “Будење”, нормално излезена од работната просторија на Токсикологија. Морам да признаам дека ја “лајкнувам” песнава која е исполнета со искрени, гневни стихови и инструменталка во позадина која и дава моќ на истата.

Но, како и во “Никој не знае” во соработка со Кацар и оваа, најнова песна на Скит, цврсто стојам на ставот дека рефренот и во двете песни ја намалува нивната вредност. Слична ситуација имавме и во “Премногу” заедно со Сиги.

Како и да е, начинот на кој Скит се претстави во рефрените на овие песни е, на некој начин, работа на вкус, но сепак сметам дека ваквите “додавки” и модифицирања на вокалот не одговараат на некои песни.

Извор: hiphop.mk

Можеби ќе ве интересира: