Музика на кирилица

Слаткар поради неверство пукаше во својата сопруга (Видео)

Слаткаристика премиерно ја промовираше соработката со “Young BB Young” од Бугарија – новата песна и новиот видео запис, “Таа има маж”. Песната како и видеото беа работени во Софија, Бугарија, a како режисер е потпишан Шошо, песната е со сатирична содржина, а видео записот сценариски ја црпи идејата од познатото американско реално шоу “Cheaters”. Во спотот се појавуваат повеќе статисти и улоги, џуџе црнец, познатиот водител Атанас Михајлов, најистакнатиот млад бугарски хип хоп артист Криско, и меѓу другите главните протагонисти “Young BB Young” и нашиот Слаткаристика.

Содржината на видео записот е базирана врз хумор и сатира, сите случувања и акции се работени по невистински приказни, па така Слаткаристика во овој спот има улога на наивен сопруг кој дознава дека е изневерен од неговата жена, па проблемот го решава со пиштол. Ова е уште еден новитет од низата проекти кој следуваат оваа година од Слаткаристика, од Иноватива Груп велат дека ова е уште еден проект преку кој Слаткаристика полека, но сигурно ги отвара границите со неговата музика во соседна Бугарија.

Во продолжение погледнете го новиот видео запис, има и што да видите. Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: