Музика на кирилица

Слаткар – вистинска ѕвезда во Софија (Фото)

Како што веќе пишувавме, нашиот познат рапер Слаткар изминатиот викенд имаше незаборавен настап во бугарската метропола, Софија. “Sofia Live Club” беше местото каде Слаткар за прв пат се претстави пред тамошната млада публика. Тој заедно со Аце НЛ и DJ Oky Doky за момент го направи она што ретко кој може да го направи, бугарската публика ги пеела сите негови песни исто како да им се домашни.

Долгонајавуваниот настап на нашиот рапер го имаат посетно и познати личности од Бугарија, кои кажале пред се позитнивни критики, а потоа и дека одмногу одамна им е познат и следат и слушаат.

Slatkar_SofijaМузичкиот настап – концерт го следеле 20 телевизии, пишани и интернет медиуми, додека Слаткар викендот го искористи и за учество во неколку телевизиски шоуа.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: