Музика на кирилица

Слаткаристика со два концерти во Бугарија (Видео)

Нашиот рап артист Слаткаристика, новата година ја започнува со солистички концерти во соседна Бугарија. Тој и Иноватива Груп го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10-ти јануари во Банско, во дискотеката “Jack`s House”, а вториот, голем концерт на Слаткаристика е најавен на 20-ти февруари, во концертната сала на клубот “MixTape 5” во Софија.

На двата концерти како специјален гостин е најавен еминентниот, и еден од најпознатите бугарски рап артисти, член на групата “Upsurd” – Ицо Хазарта. Инаку, Слаткаристика пред неполни два месеци го промовираше видео записот за новата песна “Бумеранг” кое беше реализирано од бугарската продукција “Facing The Sun”, во копродукција со Иноватива Груп. Истиот резултираше со голема заинтересираност и број на прегледи на You Tube, a Слаткаристика влезе во групата на “One Shot” видео едицијата како единствен странец до сега.

PrintНашиот рап артист со сигурност е баран и слушан од бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и давата кои треба да се случат. Тој, за неполна година ќе заокружи два концерти во Софија, еден во Созопол и еден во Банско.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: