Сите оние кои нестрпеливо ја очекуваа новата песна на Елена Ристеска, синоќа имаа можност премиерно да ја слушнат на музичото шоу “X Faktor Adria”. Песната носи наслов “Доживотно”, а како автор на истата се потпишува српската текстописка Александра Милутиновиќ, додека аражманот е дело на Дарко Димитров. Песната како што веќе ве информиравме, ќе има две верзии, една на македонски јазик и другата на српско-хрватски.
Во продолжение, во исчекување на македонската верзија, ви предлагаме да ја погледнете синоќешната српско-хрватска верзија на оваа песна која Елена одлично ја изведе во најгледаното регионално тв шоу.
https://youtu.be/i58pD2x91IA
Погледни: Редакција Музика24