Со добра македонска песна, одлична музика… нашата македонска фолк пејачка која е и позната како водител на кулинарска емисија, Андријана Алачки вчера во една кафеана имаше настап пред гости од соседна Бугарија, кои пак го прославуваа празникот 3-ти март односно Денот на ослободување на Бугарија.
Веруваме дека гостите кои имале прилика и чест да ги забавува оваа наша македонска пејачка одлично си поминале и дека во следна прилика повторно ќе бидат гости на нашата држава како и дел од вакви и слични забави кои ретко каде може да се доживеат со одлична храна и секако препознатлива музика.
Подготви: Александра Блажевска